Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Семејното насилство и фемицидот најбројни предмети на обработка на Народниот правобранител во 2025 година

Семејно насилство и фемицид – или убуство на жени – нардониот прваобранител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејно насилство и фемицид – или убуство на жени – нардониот прваобранител минатата година имал полни раце работа со овие два вида на насилство. Дури 9 случаи на семејно родово базирано насилство имало изминатава година. Токму за овој вид на насилство пристигнале и пријави од граѓаните, но и од 24 здруженија на граѓани и 63 активисти. Тие главно се жалеле на ненавремената реакција на надлежните власти.

-Тоа е семејното и родово базирано насилство- фемицидо, како најтешка последица на семејното насилство беше причина за смрт на неколку жени во изминатат година- вели  народниот правобранител Фатон Сељами

Според правобранителот, во однос на случаите на семејното насилство биле констатирани ненавремена реакција на полицијата и несоодветен одговор на социјалните служби.

Реклама

-Народниот правобранител  постапувајќи по предметните случаи на фемицид констатира пропусти во институционалната реакција заради што е потребно  да се обезбеди превенција и координирано системско следење  на семејствата со ризично однесување– вели  народниот правобранител Фатон Сељами

Голем број пријави пристигнале и за загадување на животната средина. Во однос на загадениот воздух се споменува за несоодветни одговори од институциите за работата на депонијата Дрисла, за Вардариште, пожарот во Трубарево и за пластиката низ реката  Вардар.

–Заштитата за животната средина останува еден од најголемите предизвици на нашето работење. Иако државата е должна  на сите да им ги обезбеди уставно загарантираното  право за здрава и чиста животна средина, минатата година само имавме екстремно загаден воздух во поголемите градови од држава- вели  народниот правобранител Фатон Сељами

По области правосудството е на прво место со со 307 претставки, втори се потрошувачките права со 264, работните односи со 218 и четврти детските права со 198.  Во однос на 2024 година намален е бројот на преставките. Во извештајот  на обдуцманот се споменуваат и   загрозените права на лицата со попреченост при гласањето на последните избори  но и на поднесените преставки за добивањето  социјална заштита и за незаштитеност на  работничките права.  Идната година вели правобранителот ќе се работи на поголема заштита која треба да им се понуди на жртвите и поголема ангажираност на државата за нивната сигурност. Предлагаат отворање на повеќе шелтер центри  за нивно згрижување но и обуки за кадрите за да навремено рерагираат кога ќе се посомневаат за вакви случаи.