Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Селективно се делат пари во Агенцијата за филм, актерите и режисерите го кренаа гласот против Тозија

Актери и режисери се кренаа против директорот на Агенцијата за филм, Горјан…

Сподели:

Актери и режисери се кренаа против директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Гневни се оти милиони евра завршуваат во џебовите на одредени филмски работници и тоа по неколку пати годишно. Која е комисијата што селектира, зошто Тозија работи против нас, прашува актерот и режисер Висар Вишка.

  • Се разбира дека главата на таа институција е првиот виновник. Неколку пати му е кажано дека треба да смени а не да продолжи по старо, но истото продолжува. Сега ја крие комисијата, кое што е тотално неразбирливо во една државна институција да криеш комисија, демек ја чува од некакви влијанија или незнам. Ако некој неможе да ги сноси секакви надворешни влијанијата од надвор тој не треба да биде во една комисија или да биде глава на една институција. Секој со чист образ треба да стои поради својата одлука и да може да ја одбрани својата одлука. И тој намерно го прави,бидејќи секогаш се крие позади некаква комисија кој никој не ја знае, а уствари одлуките не се ни на комисијата не ни знаеме кој одлучува, а ние интимно знаеме кој одлучува и кој ќе добие пари уште пред да се објават резултатите – вели за Алфа, Висар Вишка.

Вишка не гледа спас во надлежните, инспекторат и од министерството, оти сите се поставени од една иста Влада.

  • Тој е одбран од Влада на Република Македонија. Тој директно ги координира сите кои се таму одбрани од Влада. Многу е смешно што кога продуцентите ќе наидат на проблем, ни се случи неколку пати, одат пред  Министерството за култура кое нема никакви ингеренции да ни помогне, бидејќи ниту ја избира комисијата ниту го директорот. Тоа е директно од Влада. Владата треба да превземе нешто – тврди Висар Вишар.

Жртва не се авторите, туку делата, пишува и режисерот Антонио Митриќески. Чувството е дека македонскиот филм е заробен во некој маѓепсан затворен круг и дека постојано едни исти автори се фаворизираат, а некои други се маргинализираат. Тозија до сега молчи во врска со распределбата на проектите.

Реклама

Викторија Миткова