Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Секое петто дете е жртва на сексуално насилство, во последните четири години регистрирани 508 случаи

Секое петто дете е жртва на сексуално насилство или вознемирување. Во периодот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое петто дете е жртва на сексуално насилство или вознемирување. Во периодот од 2020 до 2024 година до МВР биле пристигнати 508 пријави за насилство и вознемирување на деца. Според податоците, 186 деца под 15 години биле силувани, 99 деца биле жртви на полов напад, 44 деца биле принудени да гледаат сексуални дејствија, а 18 – порнографски материјали прикажани од возрасен.

Од Комисијата за спречување од дискриминација велат дека досега немало пријави до нив од страна на ученици, наставници и родители за ваков тип насилство. Причините се страв и незнаење да се пријави навреме.

„Досега до Комисијата нема поднесоци за сексуално вознемирување и сексуално насилство врз деца. Можеби тоа е поради ниската свест во општеството или стравот да се пријавува, но сепак оваа кампања ја има токму таа цел – да го подигне нивото на свесност во општеството за постоењето на сексуално вознемирување и сексуално насилство, да се препознава и соодветно да се пријавува. Комисијата постапува во случај кога институциите затајуваат. Значи, Комисијата мора прво да почека разрешница од институциите кои се надлежни да постапуваат во овие случаи, а потоа, доколку има прекршување на право или несоодветна заштита, да интервенира.“, изјави Душан Томшиќ, претседател на Комисија за спречување од дискриминација.

Реклама

Претставниците од ЕУ за правата на децата велат дека дискутирањето за сексуалното насилство и последиците врз жртвата е тешко, но доколку гласно се зборува, може да има значителни промени во општеството.

„Заедно со мојот тим експерти работиме со јавни институции за подигнување на свесноста за човековите права и нивна заштита. Особено се занимаваме со спречување дискриминација и насилство врз основа на пол, ефикасна реинтеграција и ресоцијализација на сторителите во општеството и заштита на правата на децата. Денешниот настан е почетна точка за кампањата ‘1 од 5’ за запирање на сексуалното насилство врз децата, која беше развиена од Советот на Европа и имплементирана во многу земји-членки. Материјалите за кампањата беа преведени на македонски и албански јазик од нашиот проект, со финансиска поддршка од ЕУ.“, изјави Барбара Лигл, лидер на компонентата за фундаментални и човекови права

Во склоп на проектот, од јануари следната година ќе се вршат обуки со психолози и наставници меѓу учениците во сите основни училишта во Македонија.

Давид Крстевски