Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790 866 тони, што е намалување во однос на претходните години. Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија.

Секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Комунален отпад е отпад кој се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите.

Реклама

Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање.

Посебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен  е минимален напор да се селектира отп

Податоците од колективните постапувачи што доставиле извештаи до Миистерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека 65 проценти од вкупното количество отпад од пакувања пуштен на внатрешниот пазар бил рециклиран, односно од 80 575 тони отпад од пакување пуштен на пазарот биле рециклирани 52 605 тони.

По категории лани единствено отпадот од пакувања од хартија и картон пуштен на пазарот бил целосно и повеќе рециклиран (105%), потоа следи отпадот од метал (80%), стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%).  Во апсолутни бројки, најмногу се рециклирал отпад од хартија и картон (29 614 тони), потоа пластика (8 979 тони), стакло (7 570 тони), дрво (3 416 тони) и метал (3 026 тони).

Трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 10 503 523 000 денари или 169,4 милиони евра, додека од даноци поврзани со животна средина во 2023 година биле собрани 12 198 700 000 денари или 196,7 милони евра.