Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за култура и туризам, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно – правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија.
Комисијата за култура и туризам ќе расправа за активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2027 година.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе спроведе интервју на тројцата кандидати кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието.

