Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Се зголемуваат капитациските бодови за матичните лекари

Матичните лекари , гинеколозите и стоматолозите од месецов добиват повисок капитациски бод..…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матичните лекари , гинеколозите и стоматолозите од месецов добиват повисок капитациски бод.. За општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари . Ова ќе значи повисоки плати и помотивирани лекари, а зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесуваше 63 денари

Од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%. Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година, рече Мицкоски.

Од државaта за зголемувањето ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра .. Капитацијата во примарното здравство за прв пат се покачува за 25 отсто, ваквиот чекор треба да придонесе општите лекари да прават и други прегледи како скриниг програми и превенција кои можат да ги извршат без да се праќа пациентот кај специјалист, на пример како ехо преглед

Реклама

Примарното здравство се соочува и со опасност да има недостиг на лекари поради високата просечна возраст на матичните лекари. Со зголемувањето на капитацијата се очекува да се мотивираат помладите лекари да работат во примарното здравсво . Од Фондот за здравство посочуваат дека реален раст на приходите може да има со зголемување на работата и продуктивноста

Инаку, за само шест месеци  платите достигнаа зголемување од 4.815 денари за здравствените работниви додека за медицинските сестри со мартовското покачување од 2500 денари, вкупно од ноември добија 6.200 денари.  Со овој пораст на нивните примања, просечната плата на медицинските сестри со средно образование е околу 500 евра.

Од владата информираат дека со  здравствените синдикати постигнат е  договор за покачувањето  на платите во здравството во следните четири години да достигне дури 50 проценти.