Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Се зголемуваат капацитетите за предшколска грижа, државата иневстира во нови градинки

Речиси и да нема општина во државава во која не е евидентен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси и да нема општина во државава во која не е евидентен недостигот од згрижувачки капацитети за предшколските деца, а долгите листи на чекање станаа хроничен проблем и своевиден кошмар и за родителите, и за државата. Во моментов, бројот на деца во земјава кои чекаат за свое место во градинка се брои во илјади, а во запишаните групи пак, неретко има и двојно повеќе деца од предвиденото. Од ресорното Министерство велат дека се свесни за состојбата и уверуваат дека веќе интензивно се работи на решавањето и на овој долгогодишен проблем. Главно, преку проекти со кои аплицираат самите општини.

Независно дали тоа беше од оние повици во 2024 год. со оној популарен унгарски кредит, или со новиот повик кој што заврши пред некој ден каде имаме веќе дополнителни нови 7 апликации и 4 од старите, тоа се веќе 11 апликации кои што несомено сите ќе бидат прифатени. Дел веќе се и во реализација, од првиот повик, а сето тоа со намера токму бројката на листи на чекање во сите општини каде имаме проблеми, да ги решаваме по овој принцип“, – изјави Ѓоко Велковски, зам.министер за социјална политика, демографија и млади.  

Вториот чекор кој што ќе биде преземен, според Велковски, е отворање на градинки во други просторни услови, за што имало и јавен повик на крајот од минатата година и за скоро време треба да бидат склучени договорите за проектирање на 13 објекти низ Македонија.

Реклама

 „Не само од овие два типа на поддршка, туку и самото Министерство може да финансира и директно од нашиот буџет вакви капитални инвестиции, така што има постојан отворен повик, постојано сме отворени како Министерство за секој оној кој има готов проект да го достави до нас, а потоа ние да ги дообезбедиме потребните средства за да може да се реализираат проектите од страна на Министерството“, – посочи Велковски.

Од Министерството велат дека и отворањето на детски градинки во некои поголеми компании преку јавно-приватно партнерство, не се исклучува како опција. Но ова, само под услов да се исполнат сите стандарди предвидени со Законот за детска заштита, кој пак, во моментов претрпува и одредени реформски измени за како би можеле и ваквите иницијативи да бидат ставени во законски рамки.

 https://www.youtube.com/watch?v=BroVdDm6RlU