Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Свет

Се заострува дебатата во САД за или против абортусот

Врховниот суд го разгледа законот во Мисисипи со кој се забрануваат повеќето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врховниот суд го разгледа законот во Мисисипи со кој се забрануваат повеќето абортуси по 15 недели од бременоста. Главното прашање сега е: дали судиите ќе ја поништат значајната одлука наречена како “Ро против Вејд” од 1973-та година, со која беше утврдено уставното право на абортус?

Законот во Мисисипи ја намалува временската рамка, кога жените можат да изберат абортус. Центрите за контрола на болести покажуваат дека повеќето абортуси или 92 отсто од нив – се случуваат во првите 13 недели од бременоста.

„Мислам дека абортусот е варварски. Тоа е стара практика. Абортусот ги уништува жените и семејствата повеќе од 50 години“, вели демонстрантката Криста Корбело.

Реклама

„Секој спасен живот е монументален, мислам. Исто така, она што го гледаме во моментов е ставањето на забрана, да биде на вистинско место како и во секоја друга земја во светот“, рече демонстрантката Савана Акерман.

И во американскиот Конгрес се дебатираше.

„Имаме можност да ставиме крај на екстремниот судски наметнат режим на абортус кој е усогласен со нациите како Кина и Северна Кореја. САД се една од седумте нации кои дозволуваат доцни абортуси“, рече републиканскиот сенатор Стив Дејнс.

Од друга страна, има и такви кои мислат дека жените имаат право да ја прекинат бременоста без мешање на владата.

„Станува збор за политичари кои ги контролираат женските тела. Станува збор за политичарикои сакаат да ја одземат личната одлука на луѓето да пристапат до здравствената заштита што им е потребна“.

„Јас никогаш не сум абортиралa, но постои шанса еден ден да ми треба. Станува збор за правда за абортусот и либерализација на абортусот“, рече демократката Лоис Франкел.

Претседателот Џо Бајден го поддржува сегашниот закон.

„Јас го поддржувам “Ро против Вејд”. Мислам дека тоа е рационална позиција“, изјави Бајден.

Противниците на абортусот сметаат на конзервативното мнозинство од 6 спрема 3 на Врховниот суд за да им ја донесат долго бараната победа. За време на усните расправии, судијката Соња Сотомајор предупреди на штета на судот доколку има политички притисок.

Врховниот суд одлуката ќе ја соопшти следната година.

За Алфа, Јованчо Наумоски, Глас на Америка.