Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Се шири истрагата: Уште една жена ќе биде ексхумирана, сомнежот е дека и неа ја убил 25-годишникот од Куманово

едно тело на повозрасна жена, која би можела да биде третата жртва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

едно тело на повозрасна жена, која би можела да биде третата жртва на 25 годишниот овчар, Трајко Бојковски. Од ОЈО Куманово велат дека истрагата е проширена, но не прецизираа за кој временски период, ниту пак од каде потекнува жртвата и во кој период таа починала. Не кажаа детали ни за тоа како починала.

ОЈО Куманово  донесе наредба за спроведување истражна псотапка спрема истото лице, со што фактички ја прошири истрагата за уште едно кривично дело убиство, кое согласно кривичниот законик е кривично дело убиство од член 123, став 3, од кривичниот законик за кое дело е предвидена доживотна казна затвор. Во текот на наредните денови е планирана уште една ексхуминација за уште една жртва за која се сомневаме дека е жртва но д кривично дело“, изјави Љубомир Лапе, Јавен обвинител Куманово.

Иако засега Бојковски е единствениот осомничен, издадени се наредби за проверка на евентуална вмешаност на други лица. Претходните направени обдукции на двете жртви, 78 годишната Мира С. и 35 годишната Марија Мартиновска за кои се сомничи Бојковски дека исто така ги убил, починале од насилна смрт. За убиството на 35 годишната Мартиновска потврдила ДНК анализа по ексхумацијата на телото. Обдукцијата покажала дека смртта била насилна, но немало силување. Паралелно обвинителството ќе ја испитува можната одговорност и на полициските службеници кои претходно добиле пријави дека Бојковски извршил насилство, како и на лекарите и полицијата во случајот со смртта на Марија, кои дозволиле да биде погребана како да починала од ненасилна смрт.

Реклама

Мотивот за серијата убиства сè уште не е утврден. Според првичните информации, во случајот со помладата девојка не е пријавена кражба, односно досегашните сознанија укажуваат дека од нејзиниот дом ништо не недостасува. За разлика од тоа, од домот на 78-годишната Мира, биле одземени 17 илјади евра. Во меѓувреме, полицијата добила наредба да ги прибере сите пријави, поплаки и телефонски повици поврзани со Бојковски, врз основа на кои се преземаат понатамошни истражни дејствија.

ЈО продолжува да превзема мерки и кативности да издава наредби и да прибавува доклази со кои се испитуваат сите околности поврзани с о предметот.

Осомничениот во моментов се наоѓа во кумановскиот затвор и според изјавите на обвинителството, најверојатно е сместен во самица. За многу брзо ќе биде посетен од психијатриски тим кој треба да изврши проценка за неговата психофизичка состојба. Обвинителката Теута Рамадани, истакна дека целата истрага на ОЈО започнала по пријавата на преживеаната жртва 83 годишн ата Слободанка Арсовска од Куманово, која благодарение на својата храброст и присебност, пред 6 месеци успеала да се спаси од убиецот. Арсовска сведочеше дека додека убиецот ја давел, таа го измамила, викајќи по нејзиниот син кој наводно бил горе во една од собите.