Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Се повеќе жени се соочуваат со постпородилна депресија-невладините со проект за помош на млади мајки

Потреба од едукација за здраво мајчинство, здрава бременост како и унапредување на менталното здравје на локално ниво се заклучоците на граѓанските организации во рамки на проектот за унапредување на перинаталното здравје, во периодот кога жената е бремена или тукушто родила. За време на проектот, само за 24 часа психолошка помош побарале 150 жени со деца […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потреба од едукација за здраво мајчинство, здрава бременост како и унапредување на менталното здравје на локално ниво се заклучоците на граѓанските организации во рамки на проектот за унапредување на перинаталното здравје, во периодот кога жената е бремена или тукушто родила. За време на проектот, само за 24 часа психолошка помош побарале 150 жени со деца на возраст од една година. Според анализите на организациите, податоците се загрижувачки, има голем број случаи на анксиозност, депресија, а кај некои случаи дури и самоубиствени нагони. Затоа е потребно координирано да се дејствува системски: и  здравствените и социјалните институции.

-Жените немаат доволно информации и голем дел од нив за прв пат преку овој проект успеаја да слушнат информации поврзани со напредување на нивното ментално здравје, како за време на бременоста така и по породувањето.  За жал менталното здравје е сеуште табу тема и жените кои што страдаат од овие проблеми сметаат дека е тоа  изолирано дека се случува само кај нив–истакна Борјан Павловски- граѓанска организација ЕСЕЕ

Овој проблем сеуште не е препознаен како дел од целокупното здравје на една индивидуа и покрај тоа што се знае дека жените или младите  мајки се поподложни на депресија и ансиозност.

Реклама

-Она што го идентификувавме како проблем е дека дури и ако постои препознавање нема јасна патека на грижа за тоа каде мајката може да се обрати и каде може да најде психосоцијална поддршка во заедницата– истакна Ана Бојчевска Митревска- граѓанска организација  Реактор

На светско ниво една од пет жени се соочува со постпородилна депресија.