Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Се поставуваат бетонски столбови пред ТЦ Мавровка, што ќе никне на местото на „Фонтана“?

Се поставуваат бетонски столбови за објект пред ТЦ „Мавровка“, на просторот каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се поставуваат бетонски столбови за објект пред ТЦ „Мавровка“, на просторот каде се наоѓаше култното кафуле „Фонтана“ кое пред два месеци изгоре до темел во пожар. Веќе неколку денови просторот на плочникот пред трговскиот центар е заграден со ограда, а внатре интезивно се работи и може да се види дека е поставена плоча и  високи бетонски столбови како за зграда.

Алфа поразговара со сопственикот на поранешното кафуле кој зад камера кажува дека на просторот ќе се гради објект како претходниот само бетонските столбови ќе бидат подебели се со цел поголема сигурност на објектот. Не правел ништо освен кафе бар во налик на предходниот вели сопственикот, а за тоа имал дозвола и од општината, но неколку пати одби да застане пред камерата на Алфа. Зошто се градат столбови со тешка арматура кога за еден монтажен објект тоа не е потребно?

Интензивно продолжуваат градежните активности во просторот  пред трговскиот центар Мавровка. За мнинувачите останува нејасно зошто се градат толку високи столбови ако објкетот биде во налик на предходниот.

Реклама

Се обидовме да добиеме одговор и од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Не одговори на повиците на Алфа. Но за дел од порталите демантирал дека високите бетонски столбови се нешто друго, туку се градело пак кафуле. Уверува дека  инспекторите биле на терен и потврдиле дека се постапува соодветно. Во недостиг на официјални документи, останува да видиме што ќе никне на местото на некогашната Фонтана.

Викторија Миткова