Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Бројките се поразителни, но реформите влеваат надеж. Катaнец на руралните училишта, сè…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројките се поразителни, но реформите влеваат надеж. Катaнец на руралните училишта, сè помалку првачиња и паралелки – алармот е вклучен. Демографијата мора да биде приоритет за да не останеме без ученици. Во ваква ситуација, важно е младите да се поттикнат да размислуваат дека местото каде што се родени и растеле може да биде токму тоа место каде што ќе ги остварат своите цели. Клучот за тоа е квалитетно образование, е ставот на социолозите.

„Ако младиот човек не ги препознае вредностите на образованието на универзитетите и се соочува со тоа дека е неквалитетно и не создава кадри, првата мисла му е да ја напушти државата и да студира надвор од неа. Да не зборуваме за здравство и други сфери“, изјави социологот Илија Ацевски.

Квалитет, знаење, вештини и успех – тоа треба да биде прв чекор во образованието. Очекувањата се дека во иднина, напорите на Министерството за образование и новите законски измени би требало да ги дадат посакуваните резултати.

Реклама

„Кога добар дел од младите ова ќе го разберат, ќе останат тука, а државата и институциите сега тука треба да создаваат реални претпоставки за реализација, создавање цели и претпоставки за нивните цели и да остварат пристоен живот, и кога ќе се споредуваат, компарираат со држави далеку од Македонија, каде што имаат некои весели сознанија дека таму се живее подобро, да речат: не, и тука се живее добро, па треба само да се посветиме и да работиме упорно и да правиме општество и држава каде што ќе се живее пристојно“, изјави социологот Илија Ацевски.

Во меѓувреме, Владата презема мерки за младите, со што би се зголемил наталитетот во Македонија. Меѓу нив се шест бесплатни обиди за инвитро, бесплатни учебници, отворање нови градинки, поддршка за младите семејства, како и олеснувања за оние кои сакаат да го купат својот прв дом. Покрај овие активности, се разгледуваат и дополнителни решенија, меѓу кои даночни олеснувања за мајките, нови форми на финансиска поддршка за семејствата и мерки за подигнување на јавната свест за демографските предизвици.

Дека намалувањето на наталитетот е сериозен проблем покажуваат и податоците од образовниот систем. Во новата учебна година досега се запишани околу 14.500 првачиња, се затвораат 26 рурални училишта, а бројот на паралелки е намален за околу 200 во основното и 100 во средното образование.