Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Се отвараат границите, но само за транзит

Од денеска Македонија ги отвора границите, но само за транзит. До целосна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска Македонија ги отвора границите, но само за транзит. До целосна либерализација на режимот за влез и излез од земјава, странците ќе може непречено да влегуваат во Македонија, користејќи ги граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродромот во Скопје. Но само за транзит низ земјата, односно нема да смеат да излегуваат од соодветниот автопат или локален пат и земјава мора да ја напуштат за 5 часа. За тоа ќе потпишат писмена изјава на влезот,на пример, Табановце, а потоа ќе ја предадат на Богородица. На тој начин,  полицијата ќе има точен увид колку време поминале во земјава.

Но, границите за граѓаните од Македонија засега остануваат затворени. Македонски државјани,пак, за да си дојдат дома од странство треба да приложат негативен ПЦР тест за коронавирусот ама не постар од 72 часа за да влезат на територија на Македонија притоа треба да бидат во 14-дневна домашна изолација. Додека пак, лицата кои се во државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот во кој се сместени и доколку имаат негативен резултат да бидат упатени во домашна самоизолација.

Од денеска започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам, но само за посетители од одредени земји и само преку атинскиот и солунскиот аеродром. Од први јули,пак, се  планира да почне втората фаза, со која ќе бидат укинати сите забрани и рестрикции и ќе бидат отворени сите аеродроми во Грција, како и дел од копнените граници со Македонија и Албанија.

Реклама

Нашиот јужен сосед воведува дополнително укинување на рестриктивните мерки и забраните за работа, па така одново почнуваат со работа сезонските туристички објекти, музеите, фитнес центри и спа центрите.

Во Грција, од денеска, се дозволени  и летови од и кон Италија, Шпанија и Холандија, а забраната продолжува да важи за Македонија, Албанија, Турција и Велика Британија.

Викторија Миткова