Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Свет

Се огласи Захарова: Нападот во Москва го нарече терористички

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, нападот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ го нарече терористички напад.

– Руското Министерство за надворешни работи добива повици од целиот свет од обични граѓани кои изразуваат сочувство во врска со страшната трагедија во Крокус Сити Хол и зборови за остра осуда на овој крвав терористички напад што се случува пред очите на целото човештво, напиша Захарова на Телеграм.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случи во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.