Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

„Јас сум жена“: Да продолжи создавањето мостови меѓу жените – соработката не познава граници и прави вистински промени

Жените се посилни кога се поврзани, а заедно можат да создадат можности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените се посилни кога се поврзани, а заедно можат да создадат можности што ги надминуваат границите на секоја индивидуална приказна. Тие се бренд и мора да бидат уште повидливи. Поддршката, поврзувањето и заедништвото се клучни, зашто само така може да се направат вистински промени, порачаа учесничките на 5. Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ што се одржа денеска во Скопје.

Низ пет панели беа продускутирани различни теми – колку далеку може да стигне жената кога ќе ги надмине стереотипите и ќе избере професија во која традиционално доминираат мажите, дали преку своето лидерство, професионален интегритет и деловно достигнување активно го обликуваат современиот деловен амбиент, колку Македонките се дел од меѓународните професионални и бизнис текови, дали создаваат успешни приказни, развиваат иновативни идеи и оставаат белег на глобалната сцена, дали се отвораат нови можности за соработка, размена на знаења, заеднички иницијативи и партнерства што носат вистински промени и какво е искуството на жените кои истовремено ги носат одговорностите на мајчинството и предизвиците на јавниот ангажман.

-Во Македонија се уште преовладуваат стереотипи, дека ако жената е успешна, не може да биде и добра домаќинка, мајка, сопруга. Ќе ја квалификуваат на недостоен начин, ќе се обидат да и ја урнат самодовербата, но тоа никако не значи дека треба да се откаже од сонот. Немојте никогаш да дозволите некој да да ве демотивира, да ви каже дека не можете да успеете или да стигнете таму каде што сте зацртале, рече градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева која заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, учествуваше на последниот панел. 

Реклама

Нацева истакна дека жените треба да бидат пример, особено за девојчињата и порача дека треба да се инвестира во нивното образование, да им се укажува дека како жени треба да се ценат самите, да учат и да бидат независни.

Споделувајќи неколку лични приказни поврзани со градоначалничката позиција, а претходно и со политичкиот ангажман како пратеник, Стаменкоска Трајкоска напомена дека жената е способна и во многу тешки ситуации да се исправи, да се насмее кога е најскршена и да продолжи.

-Сакам да останам запамтена како одлучна, храбра и достоинствена жена за пример, како жена која мотивирала некого. Денес сме четири жени градоначалнички, за 20 години да бидат 40, рече Стаменкоска Трајкоска.

За поврзувањето на жените надвор од границите на своите земји, новите можности за соработка, размената на знаења, заедничките иницијативи и создавањето партнерства што носат вистински промени, зборуваа гостинките од Србија, Израел, Азербејџан и Грузија, со завиден бекграунд.

Пред присутните важни пораки испратија Гулнара Исмаилова – основач и директор на Resource Hub, Азербејџан, која гради услови жените да бидат активни носителки на економскиот и општествениот развој, Индира Попадиќ – основач и директор на OsnaZene, Србија чија работа покажува дека вистинското лидерство не се мери само преку личниот успех, туку и преку бројот на жени на кои им се помага да станат економски независни, посигурни и поуспешни во сопствените бизниси, Лиора Каспи – основач и директор на Liora Women in Business Foundation, Израел, која преку својата работа укажува дека жените треба да имаат еднакви можности да пристапат до инвестиции, пазари и меѓународни мрежи, но и дека преку заеднички иницијативи можат да создаваат нови деловни перспективи и да го менуваат економскиот амбиент, како и Мариам Чикопаидзе – претседателка на Association of Women Entrepreneurs, Грузија, чиј професионален ангажман покажува дека со стратешки партнерства и активно вклучување во инвестициските процеси, жените можат да ги развиваат своите бизниси, да станат конкурентни на регионално и меѓународно ниво и да придонесуваат кон економскиот развој.

Интерес предизвика и првата панел-дискусија, посветена на Македонките во нетипични професии, жени кои со својата храброст, знаење, професионалност и посветеност ги поместуваат границите и ги рушат предрасудите. За своите професионални патишта, предизвици и искуства зборуваа Елена Лотеска Наумовска, капетан на брод, која ја раскажа приказната за храброста да се биде прв и за одлуката професионалниот пат да не се ограничува според општествените очекувања, Зорица Божинова, помошник-машиновозач, која покажа дека е пример за истрајност, дисциплина и постепено остварување на поставените цели, како и Кристина Трпкова, ескортно обезбедување (моторно), пример за жена во одговорна и динамична професија во безбедносниот сектор, каде професионалноста, дисциплината и брзото донесување одлуки се од особено значење.

На панелите учествуваа претставнички од бизнис секторот, јавните институции, локалната самоуправа, организации,… Заеднички оценија дека треба да продолжи создавањето мостови меѓу жените, организациите и бизнис-заедниците, зашто вистинската соработка, како што истакнаа, не познава граници.