Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Се одбележуваат 108 години од раѓањето на Киро Глигоров

Со отворен ден на Спомен-собата на Киро Глигоров во Мултимедијалениот центар „Киро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со отворен ден на Спомен-собата на Киро Глигоров во Мултимедијалениот центар „Киро Глигоров“ и со повеќе културни активности, Општина Штип денеска го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на независна Македонија.

Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип денеска изјави дека настаните се организирани од Општинскиот мултимедијален центар, кои секоја година на овој ден потсетуваат на животот и делото на Глигоров – една од најзначајните личности во поновата македонска историја.

Посетителите имаа можност да разгледаат лични предмети, фотографии и документи поврзани со животот на Глигоров, а преку мултимедијални содржини да се запознаат подетално со неговиот придонес во историјата на македонската државност.

Реклама

– Општина Штип и општинскиот Mултимедијален центар по повод роденденот на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров редовно организира отворен ден на Спомен-собата, меѓутоа и други придружни активности, кои што на некој начин се должна почит за одбележувањето на денот на раѓањето на еден од најмаркантните историски личности и фигури на 20 век за Македонија, но и пошироко. Годинава исто така отпечативме и нов флаер, односно промотивен материјал, кој го добиваат постетителите редновно кои доаѓаат и го посетуваат овој центар, изјави Панајотов.

Тој посочи дека Спомен-собата на Киро Глигоров беше отворена благодарение на семејството Глигорови.

-Центарот со одлука на Советот на Општина Штип во 2017 година го доби името на првиот претседател, а следната година, практично во 2018, благодарение на семејството Глигорови се отвори Спомен-собата, вели Панајотов.

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров секогаш порачуваше „Македонија е се што имаме“. Киро Глигоров е роден во 1917 во Штип, а почина на 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 до 19 ноември 1999 година.