Одливот на мозоци и заминувањето на најдобрите студенти, професори и истражувачи во европските земји и САД е горлив проблем со кој, не се соочува само Македонија туку и земјите во регионот. Токму затоа потребни се крупни чекори и воведување на интернационализација во високото образование, смета министерката Јаневска. Таа посочи дека најголемиот предизвик на Владата и понатаму ќе биде подобрување на условите на студентите за да се намали одливот на мозоци.
„Првенствено да придонесеме за стекнување на знаење, вештини, компентеции на нашите студенти, подобрување на квалитетот на економскиот кадар, секако подобрување на економијата на државата, затоа што економијата е тесно поврзана, како со образованието така и со научните достигнувања, технолошкиот развој и се она што претставува иновација за да може да се примени во стопанството“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.
„Најважен заклучок е да произведеме знаење во склоп со потребите на пазарот. Тоа е многу важно“, изјави Амер Капетановиќ, Генерален секретар на Советот за регионална соработка

Во процесот на подобрување на квалитетот во високото образование и условите за студентите, Јаневска посочи дека до 1 октомври целосно ќе бидат реконструирани студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузам Јосифовски Питу“. Законот за високо образование во понеделник ќе биде поставен на ЕНЕР, а потоа ќе оди на владина процедура.
„Многу забелешки прифативме, се што сметавме дека е конструктивно, па некаде и сме направиле некаков пропуст, без оглед дали е номотехнички или малку посуштински“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.
На прашањето за реконструкција на Влада, Јаневска посочи дека таа заасега ресоросот го води со целосна посветености и дека за нејзиното место во Владата одлучува премиерот Христијан Мицкоски.
