Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

„Не троши еден млад брачен пар како еден пар пензионери, затоа промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Не троши еден млад брачен пар како еден пар пензионери, затоа промени во пресметувањето на потрошувачката кошничка мора да има,“ рече премиерот Христијан Мицкоски.

Ваков е ставот на првиот човек на Владата во врска со новите податоци за синдикалната кошничка, која за месец септември изнесува 65.077 денари – што е за 430 денари помалку во споредба со август. Тој потенцира дека не може со една бројка да се мерат сите категории во општеството.

„Мораме како втора пресметка да направиме кошничка за самец, млад брачен пар, за трочлено, четиричлено семејство, но и за пензионери. Зашто, потребите на младите брачни парови не се исти со оние на пензионерите, исто како што животот на едно лице не може да се спореди со семејство со деца. Затоа не смееме една потрошувачка кошница да ја третираме како универзална и да ја наметнеме за сите. Само ако ги имаме овие параметри, ќе можеме да носиме поквалитетни и пообјективни одлуки при креирањето на политиките.“

Реклама

Мицкоски објасни дека за ова прашање веќе се разговара со Министерството за економија, Министерството за труд и Државниот завод за статистика. Целта е преку консултации и усогласување да се изработи унифицирана потрошувачка кошничка, која ќе биде пообјективна и ќе одговара на реалните потреби на граѓаните – од млад брачен пар, до пензионери.

Во врска со цените во маркетите, посочи дека институциите веќе спроведуваат мерки за заштита на потрошувачите. Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно се на терен, со редовни контроли во супермаркетите. Премиерот потсети дека има и покренати постапки против трговци кои ги прекршиле правилата.

Како позитивен пример за цените беше посочена акцијата со училишната кошничка пред почетокот на учебната година, кога цените на голем број производи што ги користат учениците беа намалени.

Дека има позитивно раздвижување на македонската економија , Мицкоски се осврна на инфлацијата, вели дека трендовите се охрабрувачки.

„За прв пат после многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативни параметри.Очекувам во месеците што следат овој тренд да продолжи, а во текот на следната година инфлацијата да се стабилизира на природно ниво меѓу 2 и 3 проценти. Тоа е целта што ја поставуваме како влада – да имаме стабилна економија, предвидливи цени и граѓани кои ќе можат полесно да го планираат својот семеен буџет.“

Ова, според него, ја става Македонија во подобра позиција од некои земји во регионот и дел од Европската Унија. Така, во август инфлацијата во Хрватска изнесувала 4,6%, а во Романија 6,8%, додека кај нас се бележи тренд на намалување.

Премиерот порача дека Владата нема намера да прави спектакли од економските мерки, туку ќе продолжи со системски пристап – преку унифицирана кошничка, постојани контроли и таргетирани акции. „Само така,“ рече тој, „ќе обезбедиме стабилни цени, заштита на стандардот и предвидлива економија за секој граѓанин. Инаку агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија. Ова значи дека земјава и натаму важи за стабилна во економски поглед и дека има доверба кај меѓународните финансиски пазари. Во извештајот се наведува дека доследната економска политика, фиксираниот девизен курс и подоброто управување се главните причини за стабилноста.