Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Се интензивираат преговорите за цените и договорите престојната прозводствена реколта на тутунот

Најдоцна за една недела ќе биде познат исходот од интензивните преговори помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна за една недела ќе биде познат исходот од интензивните преговори помеѓу тутунарите, откупувачите и Министерството за земјоделство кои се водат преку посебно работно тело формирано од ресорниот министер. Барањата се веќе дефинирани и очекувањата се дека истите ќе бидат во интерес и на тутунарите, и на откупувачите, а и на државата, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија.

Бараме некои договори за да го стандаризираме производството на околу 20-22 милиони тутун и самите производители да бидат заинтересирани да склучуваат договори. Имавме неколку точки и за измена на Законот за тутун во ова работно тело, а како предлози од нас се дадени и забрана за увоз на ароматичен суров тутун, враќање на ингеренциите на Сојузот – без согласност на Сојузот да не можат да потпишуваат, односно да договараат  цени и договори, и баравме измена на членот од Законот за полагање на лиценци“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Откупот на тутунот од ланската реколта завршува на крајот од месецов. Според проценките досега се откупени околу 95 проценти од ланскиот род, кој се очекува вкупно да тежи над 24 милиони тони, а за откуп има останато најмногу 50-тина тони. Ристески уверува дека сиот останат тутун кој е квалитетен, ќе биде откупен во законскиот рок за откуп.

Реклама

  „Секојдневно сме во контакти и со откупните компании за да го купат тутунот. Меѓутоа, компаниите го откупуваат само сувиот тутун. Значи, влажен тутун, недосушен тутун – не купуваат.За тоа дека откупуваат во класи и ние имаме сознанија, но тоа е во согласност со кооперантот“, објаснува Ристески.

Што се однесува пак, до интерсот за прозводство на тутун во престојната реколта, тутунарите велат дека е на задоволително ниво. И кај нив, а и кај откупувачите. Ова, особено што цената на родот од ланската реколта, достигна и до 500 денари по килограм тутун, кој се ценеше претежно во прва класа.

Од новата реколта очекуваме да не падне под годинашната цена. Очекуваме дека ќе постигнеме повисока цена. Има интерес за нови склучувања на договори, оттука ќе се дижи околу 20- 22 милиони килограми новата реколта. Во зависност од цените кои ќе ги понудат откупувачите – дали ќе одат по класи. Ние бараме да се врати нормалната проценка, но со зголемување на цените“, кажа Јусуф Ибраими, тутунар од с. Житоше.

Изготвените барања од страна на Сојузот, викендов ќе бидат разгледани од Извршниот одбор, по што ќе бидат доставени и до двата партнери во овој процес.

 Каролина Дурло