Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Се бараат оставки и одговорност за се почестото угинување на животни во скопската Зоолошка градина

Се бараат оставки и одговорност за се почестото угинување на животните во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се бараат оставки и одговорност за се почестото угинување на животните во Зоолошката градина. Каква е грижата за животните, како се хранат, дали примаат терапии, дали редовно им се прават контроли? Прашања кои се отворија по угинувањето и на третата жирафа. Што точно се случило со Флопи, треба да покаже обдукцијата. 

Обдукцијата ќе покаже од што угина и последната жирафа во скопската зоолошка градина. Според Зоо активистите животните се чуваат во многу лоши услови. Стефан Кирков за Алфа вели дека откако Данела Арсовска е на чело на Градот, заедно со поставувањето на нејзините директори, во скопската зоолошка повеќе никој не смее да дава изјави, ниту лицата за односи со јавност, ниту вработените.

  • Ова што се случува во Зоолошката градина е катастрофа. Не смее раководството да си дозволи постојано да има лоши ситуации со угинување на животни, посебно од многу редок вид. Сега тоа е капак со смрттна на жирафата, чин кој не смее да остане неказнет. Ние, како активисти, ги известивме во ЕАЗА, да се види што точно се случило, вели за Алфа Стефан Кирков, Зоо активист.

Директорот на Зоолошката градина Зоран Попов не одговара на телефонските повици, за да објасни кои се причините за угинувањето на жирафата, ама затоа на Фејсбук страната на Зоолошка беше објавено дека се испитуваат причините за смртта на жирафата, по што ќе имало известување.

Реклама
  • „Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе. Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“, велат од ЗОО Скопје.

Последната жирафа угина вчера попладне и е второ угинување на жирафа во мандат на актуелниот директор во период од 6 месеци. Во мај годинава угина Каспер, другата жирафа.

Одговорност за случајот побараа и од Анима мунди. Велат, итно да се овозможи видео мониторинг на сите животни 24/7 и увид во видео надзорот на сите живеалишта, но и да се открие причината од што почина и младата жирафа.

  • Каде е раководството на Зоо Скопје да се произнесе или поднесе оставка? Бараме итна стручна анализа што се случува и казни за сите кои се одговорни, побараа и од Анима мунди.

Инаку за време на директорувањето на Зоран Попов, скопската зоолошка ја изгуби и кандидатурата за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Скопската Зоолошка градина сега нема ниту една жирафа. Во изминативе неколку години угинаа трите жирафи кои беа главна атракција на посетителите.

Претходно, поради храна со поминат рок, угинаа и три монголски коњи, папагали и еден куп други помали животни.

Борис Грујоски