Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

„Сејф Сити“ стартува со казни од 1 Февруари – пролонгирањето е поради технички подобрувања на системот

Од први Февруари 2026 година пробните пораки за сообраќајните прекршоци за брзо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од први Февруари 2026 година пробните пораки за сообраќајните прекршоци за брзо возење, непрописно паркирање или непропуштање на пешак регистирирани со системот „Безбеден град“ ќе се претворат во реални казни. Од МВР потврдија дека е продолжен тест периодот на безбедносната мерка бидејќи се утврдени недостатоци кои мора да се корегираат.

„Безбеден град ќе започне да функционира од 01.02.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10. Системот ќе продолжи да се развива и надградува и во иднина. „Безбеден град“ ќе стане „Безбедна држава“ и ќе го регулира сообраќајот низ целата држава. Еволуцијата на системот „Безбеден град“ ќе биде исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и цела држава кој ќе спасува животи, ќе го регулира сообраќајот а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат правилата на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот.“ – изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Со одложувањето се очекува да се надминат сите недостатоци кои се појавија изминативе денови во тест периодот.  Големи реакции имаше за опомената која ја добиле граѓани кои ја надминале брзината само за 1, 2 или три километри на час од дозволената брзина, како и камери кои воопшто не регистрирале прекршок иако бил направен. Во други случаи пак стигнувале казни иако сопственикот воопшто не го возел своето возило. МВР размислува за праг на толеранција односно мало надминување на ограничената брзина.

Реклама

„Со почетокот на тест фазата не се применуваат прагови на толеранција. Тоа е свесна одлука заради проверка на прецизноста на системот, калибрацијата и целокупниот процес од детекција до документ. За редовната примена е предвидено да се донесе решение според европските стандарди и практики и се очекува тогаш да се утврди и прагот на толеранција кој ќе биде во интерес на граѓаните. Целта секако не е МВР да казнува за минимални надминувања, туку да ги спречува опасните брзини и безобѕирни употреби на моторни возила кои предизвикуваат сообраќајни незгоди кои одземаат човечки жртви.“ – изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

За да профункционира системот Сејф Сити во Собранието треба да се донесат измени на пет закони – законот за прекршоци, законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, законот за извршување санкции, законот за возила и Кривичниот законик. „Безбеден град“ има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот  преку камери кои автоматски ке ги евидентираат прекршоците. Системот пробно започна да функционира на 1 декември 2025 година во Скопје и уште во првиот ден се регистрираа над сто илјади прекршоци.