За седум години владеење СДСМ не успеа да доврши ниту еден значаен инфраструктурен проект, и покрај рекордното задолжување од 4,1 милијарди евра. Нивното управување со Македонија минатата година го заокружија со неквалитетна патна и железничка инфраструктира, а ветувањата се претворија во промашени рокови, несериозни планови и потрошени милијарди без резултат.
Со оро и чочек, дотерани како за на свадба, владини претставници во 2018 година свечено ја отворија делницата Демир Капија – Смоквица. Министрите на чело со тогашниот премиер Зоран Заев за 28 километри автопат, направен од предходната влада, се пофалија дека направиле пат по европски стандарди.
Планот за живот СДСМ ветуваше 600 километри автопат, но до 2022 година немаа остварено ниту 5 проценти од ветеното. Слично беше и во наредните две години, до 2024 година – од ветената модернизација, граѓаните и стопанството видоа само влошена инфраструктура и потрошени стотици милиони евра за неколку рехабилитации и проекти на хартија.

Ковачевски не направи ништо за да го исполни ветувањето на Заев од кого го наследи премиерското столче. Ниту се изградија 600 км нови автопати, ниту пак излеговме на Бургас на Црно Море и на Драч на Јадранско море. Заев пак, ветуваше дека до 2020 година ќе биде готов Охрид – Кичево, а потоа следеше само пролонгирање на роковите.
Патот Прилеп – Дреново – беше започнат пред 2017 година и требаше да биде завршен до 2020 година. Меѓутоа, изградбата напредуваше многу бавно, а до 2024 година не беше завршен целосно. Автопатот Демир Капија – Смоквица беше започнат за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ а беше завршен под владеењето на СДСМ. Слично на претходниот, автопатот Миладиновци – Штип беше отворен во владеењето на СДСМ, но истиот беше започнат од претходната влада.
СДСМ зад себе остави недовршени патишта и пруги, сомнителни долгови и фрустрирани граѓани. Сега, новата влада настојува на рекорден напредок во патната инфраструктура.
На стартот од годината, на 4 јануари официјално беше пуштен во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка.
На 17 јануари помина и првиот воз низ првиот дел од пругата кон Бугарија, кога и официјално беше пуштена во употреба пругата Куманово – Бељаковце.Трасата е дел од „Коридорот 8“ односно прва фаза од железничкото поврзување со Бугарија.
Делницата Градско – Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од делницата Фариш – Дреново, кои се дел од експресниот пат Градско – Прилеп и официјално се пуштени за сообраќај.
Забрзано гради и „Бехтел и Енка“. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово – Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар – Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп – Битола на 25 километри. За автопатите на Коридорите 8 и 10 д, кои ги гради „Бехтел и Енка“, за 2025 година во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра.
Како што информираше министерот за транспорт Николоски, до почетокот на главната туристичка сезона во употреба ќе биде пуштен дел од автопатот Охрид-Кичево од Врбјани до Охрид, со исклучок на Ботун, а комплетно овој важен инфраструктурен проект ќе биде завршен до крајот на 2026 година.
