Реклама
Прилози

🎥 СДСМ сега бара консензус: За Филипче францускиот предлог бил најдоброто нешто за Македонија и треба да се прифати

Точно три години откако без консултација со никого, СДСМ и ДУИ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно три години откако без консултација со никого, СДСМ и ДУИ во Собранието си го изгласаа Францускиот предлог, сега лидерот на социјалдемократите вели дека тој бил најдоброто нешто, иако најголем број од македонските граѓани беа и се против таквото решение. Во моменти додека бара лидерска средба за постигнување на натпартиски консензус од сите политички партии, Венко Филипче вели дека мораме да го прифатиме она што го договорија Димитар Ковачевски и Бујар Османи со своите бугарски колеги.

Она што е чудно во барањето на првиот човек на СДСМ е што токму неговата партија, без воопшто да се консултира со тогашната опозиција, го потпиша Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, го прифатија францускиот предлог, го потпишаа протоколот со Бугарија, се согласија на уставни измени, иако од ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваа дека вавите потези, ќе донесат само проблеми на европскиот пат на Македонија.

-Еве ние имаме еден конкретен предлог, се вика француски предлог, веќе три години е на масата. Сметам дека е постигнат најдобриот можен договор, сум разговарал и со Ковачевски, сум разговарал и со Бојан Маричиќ, сум разговарал и со Бујар Османи, како луѓе кои што директно работеа на тој процес. Имало иницијативи да има одложено дејство на уставните измени, не било прифатено. Меѓутоа сепак има една победа тука и тоа мора да го признаеме, изјави Филипче.

Реклама

Барањето на СДСМ за консензус сега кога се во опозиција, изгледа невозможно, бидејќи тие остануваат цврсти на својот став дека уставните измени треба да се изгласаат веднаш, додека власта со цел да нема нови бугарски уцени на европскиот пат, бара имплементрација со одложено дејство.

Доказ дека вавкото барање на Владата е логично е и што Бугарија во Европскиот Парламент, само докажа дека уставните измени и малцинските права на неколку 100-тини Бугари во Македонија не им се најважни, туку важно им е целосното негирање на македонскиот јазик и идентиет и воопшто постоењето на македонската нација. Плус доказ за тоа беше и бурната дебата на бугарските и грчките европарламентарци, кои само покажаа кои се нивните цели.

Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка. Вистинска, не лажна како резидентите во Скопје. Тие се срамат да кажат она што се. Дојдовме до точка каде честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е коректна, бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект, изјави грчката европратеничка, Афродити Латинопули.

Македонија во моментов е блокирана не европскиот пат поради бугарското вето, кое доаѓа по договорите кои со источниот сосед ги постигна претходната власт. Пред точно три години на 16-ти јули 2022-ра година, со 68 гласа „ЗА“ тогашната владина гарнитура си го излгаса францускиот предлог, а само ден подоцна во Софија беше потпишан билатералниот од страна поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Матеја Петровски