Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

СДСМ: Породилното доцни и по 30 дена

Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон. Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. И замислете, Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред.

Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат за исплати и да немаат пари за пелени и млеко, се вели во соопштението од СДСМ од изјавата на Елена Радеска од Комисија за здравство на СДСМ.

Нема ништо нормално во тоа семејства што  живеат само од породилното да останат без денар затоа што ДПМНЕ не си ја врши работата. Вистината е дека никогаш во минатото не се случило вакво доцнење.  Ниту во време на светска економска криза ниту кога имаше хакерски напади на Фондот. Ова не се случило под ниту една друга влада. Ова е директен резултат на неспособност и на расипнички приоритети на Мицкоски и неговиот другар Клековски.

Реклама

Со ваква неспособност и нечовечност досега граѓаните се немаат соочено. 

Денес го прашуваме Мицкокси, зошто нема пари за мајките и бебињата, а има за луксузни автомобили, скапи мебели и тендери кај блиски фирми? 

Секој ден слушаме за нов скандал, нова злоупотреба, нов непотизам. 

СДСМ бара Фондот веднаш да ги исплати сите заостанати породилни надоместоци без одложување. Бараме фиксен датум на исплата секој месец, како што со право бараат мајките.

Бараме Владата јавно да ја објави состојбата со Фондот и да каже каде завршиле парите што треба да бидат исплатени на секоја мајка во оваа држава.

Дали е точно дека сите доцнења се заради неликвидноста на буџетот?

СДСМ стои со овие жени, ќе бидеме нивниот глас додека Владата ги игнорира. Ќе зборуваме гласно сè додека не се исполнат сите обврски кон секое новороденче и кон секоја мајка која денес се чувствува изневерена од државата.

Време е оваа неспособна влада да престане да бега од одговорност.