Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

СДСМ по стари стапки, коментира кој медиум како работи

„Кој одлучува што е вест, а што не?“ Прашање што денеска доби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Кој одлучува што е вест, а што не?“ Прашање што денеска доби и политичка димензија – со отворање на дилемата каде завршува критиката, а каде започнува уредувањето. Токму тоа се случи денеска, откако СДСМ настапи со јавна анализа на медиумското покривање на одредени политички теми.

Од опозициската партија тврдат дека во изминатиот период дел од медиумите селективно известувале и дека, како што велат, преку координирани објави биле поклопувани теми кои не и одговарале на власта.

Како пример ги посочуваат вестите за наводни мигранти од В.Британија за кои  Владата и премиерот Христијан Мицкоски категорично и повеќе пати демантираа.

Реклама

Кујните на ДПМНЕ и нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината. Тие не ги пренесуваат ставовите на опозицијата, не ги пренесуваат „негативните вести“ за власта, не пренесуваат ништо од тоа што го говори СДСМ. Секогаш кога ќе се објави негативна вест за власта, започнува серија на објавени текстови, полни со полувистини, манипулации и лаги за да се поклопат вестите кои не и одговараат на власта, рече Кузеска на прес-конференција.

СДСМ посочи дека станува збор за повторлив шаблон – кога се отвораат прашања за криминал, договори или напади врз новинари, фокусот во дел од медиумскиот простор се префрлал на други теми, со што, според нив, јавноста останува без целосна слика.

Ваквиот став на СДСМ предизвика остри рекации, реагираа новинарските здруженија, а се огласија од од Владата. Порпаролот Марија Митева предупреди дека јавното означување и етикетирање на медиуми претставува недозволив притисок врз медиумската слобода и порача дека ваквиот пристап може да има долгорочни последици врз медиумскиот простор.

Денешниот настап на СДС, со јавно обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција, со графикони и политички квалификации, претставува директен и недозволив атак врз слободата на медиумите. Ова не е легитимна политичка дебата, јас на ова гледам како опасна пракса која потсетува на СДС кои преку јавен притисок се обидувале да ги стават медиумите под контрола. Македонија не смее и нема да оди по тој пат затоа што одиме напред и преку дела ја покажуваме нашата сериозна намера да обезбедиме средина во која медиумите ќе работат слободно и без никакви притисоци. И кога велам одиме напред, тоа и сериозно можам да го поткрепам со факти, соопшти Марија Митева.

Дека СДСМ си зема за право да коментира, етикетира и дискредитира медиуми реагираше и Здружението на новинари на Македонија.

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од ЗНМ.

Од ЗНМ потсетуваат дека доколку постои сомнеж за непрофесионално известување, постојат јасни саморегулаторни механизми, преку кои ваквите прашања треба институционално да се разгледуваат, а не јавно да се пресудуваат.

Реагираат и од  Македонската асоцијација на новинари, кои го осудуваат ваквиот пристап.

МАН, Македонската асоцијација на новинари, која постои 23 години, создадена со доаѓањето на СДСМ на власт во 2002 година заради заштита на новинарите со започнатиот терор на таа власт врз нив со индигнација, згрозување и презир ја прими оваа објава од Кузеска и Филипче и нивниот најнов тоталитарен настап со обид сопствената неспособност да подигнат рејтинг на партијата во стечај да бараат виновници – во новинарите, велат од МАН.

Ова не е прв пат СДСМ како партија отворено да ги напаѓа медиумите. Во времето на поранешниот премиер Зоран Заев, јавноста беше сведок како СДСМ и Заев јавно не само што ги критикуваше туку и ги погласи за непријатели повеќе медиуми.