Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

СДСМ одлучи – Тренчевска и Трајановски нови потпретседатели во И.О. влегуваат Андов – Сокол кој е на суд за злоупотреби во Идризово и Јон Фрчкоски кој се повлече поради дрога

По повеќечасовна седница на централниот одбор, СДСМ ги објави имињата кои влегуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќечасовна седница на централниот одбор, СДСМ ги објави имињата кои влегуваат во највисоките тела на партијата. Потпретседатели ќе бидат поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше изгуби на локалните избори во трката за Аеродром.

Генерален секретар останува Александар Димитриевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и Ана Чупевска, која сега ќе го предводи новооформениот совет на партијата, а претходно си поднесе оставка од функцијата потпретседателка.

Меѓу новите членови на извршниот одбор кои се предлагаат ќе биде Јон Фрчкоски кој претходно се повлече од политиката откако за него се појави видео во кое најверојатно консумира кокаин, како и Филип Андов-Сокол на кого му се суди за злоупотреба на службената положба како поранешен директор на затворот на Идризово.

Реклама

Пред да бидат објавени имињата од партијата порачаа дека тие имаат најдобри кадри.