Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

СДСМ обвини дека семејна фирма на Томовски добивала државни тендери, директорот на СОЗР ќе тужи за клевета ако не добие извинување

Државни пари од институции и општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, добила семејна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државни пари од институции и општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, добила семејна фирма на директорот на Службата за општи и Заеднички работи, Ивица Томовски, обвинија денеска од СДСМ. Според тврдењата на партијата фирмата „Сити логистик“ , која подоцна била преименувана  во „Сити аутсорсинг“, а се занимава со чистење и одржување на државни објекти добила вкупно 161 тендер од почетокот на мандатот на Владата. СДСМ обвинуваат дека фирмата својата  деловна дејност ја зголемила  за 306%  само во 2024 година.  

„Сопственик на Сити логистик, во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата во Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име“, изјави Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ“

Безобразни, малициозни и полни со клевети и измислици. Вака одговори Томовски, на обвинувањата на опозицијата. Појасни дека посочената компанија не е негова и дека нема никаков удел во неа. Во моментов тој не раководел со приватна компанија и единствената функција му е директорското место во Службата за општи и Заеднички работи. Ги повика институциите да ги проверат сите информации за да се утврди вистината и бара извинување од СДСМ, во спротивно ќе поднесе тужба.

Реклама

„Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборуваат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана“, изјави Ивица Томовски – директор на СОЗР.

Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам, порача Томовски.

Со демант на тврдењата на СДСМ се јави и компанијата „Сити аутосорсинг“, и изразуваат длабока загриженост и разочараност од како што велат обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата.

„Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со „Сити Аутсорсинг“, велат од „Сити Аутсорсинг“.

Од таму додаваат дека компанијата повеќе години успешно работи на пазарот со над 70 вработени и и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените.