Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот. Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на  портпаролката Богданка Кузеска.

Денеска ќе објавиме нов доказ. Па граѓаните сами нека заклучат кој ја говори вистината, дали и што е договорено.

ДПМНЕ-ЗНАМ во септември оваа година изгласала измени на Законот за странци.

Реклама

Што е клучно во овие измени?

Олеснување на постапките за добивање на дозвола за привремен престој на странец по основ на вработување и, внимавајте, особено за оне кои работат на стратешки проекти и доколку има стратешки партер.

Клучни се членовите кои се изменети, Член 83, Член 85, Член 86 и член 90.

Во член 83 се воведуваваат неколку „исклучоци“ со кои полесно ќе се добива дозвола за странец односно економски работници кои работат на стратешки проекти и со стратешки партнер.

Став 1. Цитирам:  По исклучок, привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Македонија, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата.

Став 3: „За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот, ја издава Министерството за економија и труд.“

Дали има стратешки проекти и стратешки партнер? Да. На кого се однесува ова олеснување? На сите им е јасно.

Одиме понатаму

Член 85, став 5: „Од одребите исклучок привремен престој заради вработување се одобрува со приложување само на Договор за работа и образложение за потребата на работното место“

Дали ова значи ново олеснување кое ги остранува сите други докуметнти? Да. За кого? Сетаме дека на сите им е јасно.

Во член 90 став 9 се воведува нов исклучок со кој се зголемива временскиот период а пресој во Македонија кој може да биде со децении.

„По исклучок од одредбите на овој член, странец ангажиран во правен субјект со  статус на стратешки партнер може да биде упатен на работа во Македонија во периодот на имплементирање на проектот, но не подолго од една година, со можност за продолжување на привремениот престој.”.

Дали ова значи дека периодот на имплментација на проектот може да биде десетици години? Да ако е за голем проект како желеница.

Дали ова значи дека може и после тие години да се продолжува рокот? Да.

Почитувани граѓани.

За кого се овие измени?

Мислам дека на сите ни е добро јасно. Затоа сакаат да ни забранат да го изговараме зборот.

Вистината е на виделина.