Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Савески се пофали со ново лого – За предметите коишто седат во фиока не кажа ништо конкретно

Ресетот на правосудството државниот обвинител го почна со ново лого. На брифингот со новинарите на кој најмногу се зборуваше за лого и за нови банери, најмалку се кажа за случаите од висока корупција коишто со години фаќаат прашани во обвинителските фиоки. Модуларните болници, аферата со набавката на вакцините во Ковид пандемијата, следењето на премиерот Мицкоски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ресетот на правосудството државниот обвинител го почна со ново лого. На брифингот со новинарите на кој најмногу се зборуваше за лого и за нови банери, најмалку се кажа за случаите од висока корупција коишто со години фаќаат прашани во обвинителските фиоки. Модуларните болници, аферата со набавката на вакцините во Ковид пандемијата, следењето на премиерот Мицкоски во предизборието и за еден куп други случаи, сеуште нема обвинителска одлука. Савески запрашан дали пронашол некои од 80 –те кривични пријави за коруптивни случаи доставени до Обвинителството рече дека не знае од каде на премиерот му се тие информации. Тој вели дека на ниту еден обвинител нема да му наложи како да поставува само поради јавно прозивање, но формирал тимови коишто вршат контроли на старите предмети.

Во тек се контроли и надзор врз основните јавни обвинителства од страна на вишите и републичките обвинители во четирите апелациони подрачја со фокус на старите предмети. Откако ќе бидат изготвени извештаи со констатираната состојба, јавноста ќе биде запознаена, вели Ненад Савески , државен обвинител

Савески од една страна упати апел до обвинителите да водат економочни постапки со помалку вештачења, а од друга страна ја поддржа одлуката за запирањето на постапката за случајот  Мазут велејќи дека било добро што обвинителката вештачела бидејќи тоа открило дека немало основ за кривичен прогон.

Реклама

Не сакаше да ја коментира најавата на министерот Тошковски дека во иднина следуваат нови шокантни докази за вртоглавите набавки на мазут вредни 167 милиони евра.

Не одговори ниту за случајот со Артан Груби и сомнителната злоупотреба од 8 милиони евра државни пари во Државна лотарија. Сподели само дека Груби се уште немал дадено исказ бидејќи обвинителот сакал прво да ги собере доказите па да ги сослушува обвинетите. Исто така на новинарите им порача во иднина да не прашуваат кој обвинител води истрага за Груби бидејќи имињата биле ирелевантни.

Инаку, Савески пред два месеца им ги одзеде сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства.