Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Самит во Тирана за посилна и обединета Европа – пораки за единство, безбедност и просперитет

Европа да се држи до своите принципи и вредности и евроинтегративниот процес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа да се држи до своите принципи и вредности и евроинтегративниот процес да се заснова на заслуги, постигнувања, реформи, копенхашки критериуми. Премиерот Христијан Мицкоски ги потврди македонските позиции пред лидерите на земјите од ЕУ кои се собраа во Тирана. Македонија според Мицкоски догло време е жртва на билатерални прашања и очекува разбирање.

Очекувањата се Европа да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди според постигнувањата и реформите и копенхашките креитеруми, Македонија долго време е жртва на билатерални прашања, рече Мицкоски.

Мицкоски во Тирана е во друштво на лидерите на над 40 европски земји. Главните теми покрак интеграцијата на Западен Балкан се и безбедноста на Европа, економската соработка, енергетиката. Дискусиите се фокусираа и на демократската стабилност на Европа, конкурентноста и економската безбедност, сложената динамика на миграцијата и војната меѓу Русија и Украина.

Реклама

Европската Унија е посветена на создавање просперитет, вклучително и преку план за раст за Западен Балкан. Поврзаноста мора да биде високо на нашата агенда. Веќе создаваме такви можности преку нашата програма за Украина и нашите планови за раст за Западен Балкан и Молдавија. Светскиот поредок е нарушен од „империјалистичките амбиции“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и од други глобални проблеми. Европа останува обединета во својата непоколеблива поддршка за Украина, порача Фон дер Лајен нагласувајќи дека тоа е и причината за формирањето на Европската политичка заедница, по што најави нова рунда санкции против Русија.

Во овие нови граници, да им дадеме на младите во Европа, на новите бизниси, подобра причина да останат отколку само да зборуваат за оружје и вооружување. И да им дадеме силен мотив да градат, да сонуваат на европска почва, наместо да ги свртуваат очите и да одат далеку за да ги остварат своите соништа, рече Рама.

Она што беше интересно за медиумите е дека домаќинот Рама  ги пречекуваше гостите во негов стил, со чадор на црвениот тепих. Особено впечатлив беше пречекот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја дочека на колена, а таа се пошегува дека тоа го прави за да биде висок колку неа.

Со одржувањето на самитот во Албанија, Тирана стана центар на Европската дипломатија, што е исклучително важно за регионот бидејќи ова е прв ваков собир на Европската политичка заедница што е организиран во Западен Балкан.

Пред официјалниот старт синоќа во Тирана, Кошта организираше вечера за водачите на шесте земји од Западен Балкан на која  присуствуваа Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и  високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Kaлас.