Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Сали: процесот на проширување мора да се темели на заслуги и реформи

Политичките партии се уште работат на Изборниот законик, а владата не кренала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичките партии се уште работат на Изборниот законик, а владата не кренала раце, иако во собранието опозицијата ги блокираше преговорите и помина крајниот рок за него од Реформската агенда.  Измените во Кривичниот закони пак се уште се во фаза на преговори посебно по промената во Министерството за правда каде се прават напори за усвојување на тој закон. Според министерот за европски прашања Беким Сали, земјите-кандидатки за членство во Европската унија очекуваат процесот на пристапување да биде транспарентен и заснован на реализираните реформи и заслуги. Вицепремиерот уверува дека иако рокот е поминат владата посветено работи на реформската агенда.

-Ние сме многу посветени на реформската агенда која што е дел од процесто на интергрирање. Ги исполнуваме нашите  чекори навремено  и  се трудиме за новиот пакет  во кој што сме ни сме топ ап во која што се очекува доплнителни чекори во реформската агенда.  Тука веќе имаме предложено околу 25 точки  кои што државата е подготвена да ги реализира –истакна министерот за европски прашања Беким Сали.

Проширувањето на Европската унија сега зазема централно место во европската политичка агенда, но овој политички моментум мора да се пресретне со испорачување на реформи, беше порачано од денешната средба со главните преговарачи на девет земји-кандидатки за членство во Европската унија од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на Европската комисија и меѓународните партнери што се одржа во Скопје. Кредибилитетот на процесот на проширување ќе биде мерен според реформите што земјите ги имплементираат, според заедничкото зајакнување на институциите и според подобрувањето на условите за граѓаните.

Реклама

-Главните преговарачи на сите држави аспиранти за членство во Европската унија, нашата порака е заедничка сите држави очекуваат овој процес да биде транспарентен базиран на заслуги и на реализирани интегративни процеси кои што допридонесуваат за подобрување на системот во кој што функционираат државите–истакна министерот за европски прашања Беким Сали.

На средбата беше заклучено дека за сите реформски закони потребен е поширок консезнус од политичките партии. И покрај блокадите од опозициските партии, власта смета дека може да се постигне договор доколку тие ги испорачаат своите барања.. И покрај различните национални услови и фази на европската интеграција, Западниот Балкан и источните партнери ја споделуваат аспирацијата кон Европската унија и сакаат да стекнат придобивки од меѓусебниот дијалог. Регионалната соработка е неопходен дел од напорите за национални реформи, беше порачано од средбата.