Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сали – Ле Риголер: Продлабочување на политичкиот дијалог и соработката во области од заемен интерес

  Министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на Република Франција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер, денеска на работна средба разговарале за процесот на европската интеграција на државата, реформските приоритети и за соработката меѓу двете земји.

– На средбата, министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка на Франција за европскиот пат на Македонија, како и за конкретниот придонес во јакнењето на институционалните капацитети и спроведувањето на клучните реформи. Тој нагласи дека процесот на интеграција во Европската Унија и поврзаните реформи ќе бидат врвен приоритет во неговата работа како министер за европски прашања. Двете страни разменија мислења за актуелните развојни текови во политиката на проширување на ЕУ и за важноста од задржување на реформскиот интензитет користејќи го позитивниот момент во регионот. Министерот Сали ја истакна посветеноста за зајакнување на координациската улога на Министерството за европски прашања, оперативизацијата на националните структури за преговори и реформската агенда, како и подобрување на апсорпцијата на ЕУ-фондовите – соопшти Министерството за европски прашања. 

Во фокусот на разговорите, посочува МЕП, била и тековната состојба во пристапниот процес, вклучително и исполнувањето на обврските од скрининг-извештаите, финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и напредокот во други барања поврзани со функционирањето на демократските институции.

Реклама

– Министерот Сали нагласи дека Македонија останува целосно посветена на европската агенда задржувајќи целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ како јасен показател за стратешката определба за членство. Во таа насока беше оценета и соработката со Expertise France и со Француската агенција за развој (AFD), како и програмите за поддршка во областа на институционалниот развој и јакнење на административните капацитети, кои директно придонесуваат за усогласување со ЕУ-стандардите – се наведува во соопштението. 

Двајцата соговорници на крајот од средбата ја реафирмирале подготвеноста „за понатамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката во области од заеднички интерес, како енергијата, дигиталната трансформација, инфраструктурата, образованието и културата, како и за продолжување на тесната координација во поддршка на политиката на проширување на ЕУ“.