Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сали – Џанел: Холандската поддршка клучна за реформите и евроинтеграцијата

Членството во Европската унија останува врвен стратешки приоритет на државата, а Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членството во Европската унија останува врвен стратешки приоритет на државата, а Владата е целосно посветена на усогласување со европските стандарди, особено во областа на владеењето на правото, порача денеска првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали на средбата со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Озлем Џанел, на која било разговарано за процесот на европска интеграција, реформските активности и билатералната соработка.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на министерот, се разговарало и за уставните измени како клучен чекор за отворање на кластерите во преговорите со ЕУ, како и за напредокот во рамки на Кластерот „Темелни вредности“. Сали информирал дека третото барање за исплата на средства е поднесено навремено и дека е постигнат значителен прогрес во спроведувањето на реформите.

Двете страни ја истакнале подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката, особено во областите поврзани со реформските процеси и владеењето на правото.