Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Сајкоски: Нашата визија е да градиме во секој дел, и во Зајас и во Осломеј, дека тоа е можно Владата докажа за овие 15 месеци

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на кампањата за локални избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твое место! За твојата иднина! повика да се даде поддршка за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, докторот Александар Јованоски.

„Познавајќи го докторов, денес имам најлесна задача затоа што тој е хуманист и ќе го направи Кичево добро место за живеење. Ви ветувам дека заедно со сите нас Кичево ќе добие многу  инфраструктура, како и  работни места. Кичево ќе го добие сјајот  што го заслужува. Сигурен сум во тоа бидејќи докторот Александар Јованоски е познат по дела“, кажа Сајкоски.

Сајкоски се осврна и на владеењето на ДУИ во Кичево.

Реклама

„ДУИ влезе во кампања, ама малку се влезени и во паника бидејќи ја губат поддршката. Зборуваат за национални борби, а ги иселија луѓето од деловите во кои владеат, од Зајас луѓето заминаа.  Нашата визија е да градиме во секој дел и во Зајас и Осломеј, и Другово и во Вранештица. Дека тоа може да се направи тоа Владата го докажа за овие 15 месеци“, кажа Сајкоски.