Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Сајкоски: Конгресот е значаен и за зајакнување на структурата, влез на нови луѓе, вовед во подготовка за голема победа на парламентарните избори

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на една од националните телевизии, се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните  избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно со правните акти на партијата. На Конгресот ќе има над 800 делегати, 1800 гости, ќе донесеме и важни стратешки документи кои ќе бидат идна тратекторија на партијата. Секако овој Конгрес треба да ни е една подготовка за подобро структуирање на партијата, односно да имаме зајакнување на структурата, влез на нови луѓе и да направиме она што беше очекувано победата на локалните избори да е вовед во голема победа на парламентарните избори ако бидат редовни во 2028 година. Треба да покажеме дека ќе има континуитет и ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува за граѓаните и за државата“, рече Сајкоски.

Сајкоски укажа дека тоа што се случи на локалните избои за ВМРО-ДПМНЕ е голем резултат и оти тоа се историски резултати воопшто.

Реклама

„Анализирајќи преку бројки резултатите имаат историски, голем резултат. Добивме голема доверба од граѓаните и следниот период ќе следи и анализа, но морам да прецизирам ВМРО-ДПМНЕ доби општини кои дваесеттина години биле во рацете на градоначалници од СДСМ. Тоа се Струмица и Карпош, но и Крушево, Валандово, Дојран… ВМРО-ДПМНЕ го доби и Кичево. Го изгубивме 2013 година и се провлекуваше тезата за етничка линија. Нашиот кандидат доби гласови од сите, затоа ова е најсилен исчекор што го имала некоја политичка партија“, кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека огромната бројка на општини што ги доби партијата, определбата на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ се важна порака до партијата.

„Пораката значи дека треба многу да испорачаме на секое ниво. Ние како водечки политички субјект треба да работиме многу и да испорачаме многу за да ја оправдаме довербата од граѓаните“, заклучи Сајкоски.