Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Саем за медицина – вештачката интелигенција го менува и здравството

Вештачката интелигенција ги променува од корен речиси сите индустрии, но и медицината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција ги променува од корен речиси сите индустрии, но и медицината. Во Македонија за среќа има млади доктори кои со својот ентузијазам се обидуваат да го подигнат нивото на македонското здравство – ова е заклучокот на лекарската фела и на здравствените власти кои беше презентиран на саемот за медицина во Скопје.

Лекарите се децидни дека вештачката интелегенција во здравството не може да ги замени лекрите. Иако се развива молскавично брзо, таа е далеку од безгрешна. Затоа задачата на докторите е да ги „уловат“ грешките.

„Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека драстичниот пад на лекари во светот се сериозна закана за јавното здравје. Затоа вештачката интелегенција треба да биде рака под рака со медицинскиот персонал.

Реклама

“Многу истражувања покажуваат дека до 2030 година во светот ќе недостигаат околу 18 милиони здравствени работници од кои најмалку 5 милиони ќе бидат лекари.И јас во блиска иднина улогата на дигиталната трансформација особено на вештачката интелегенција ја гледам интегирана заедно со медицинскиот персонал и таа ќе даде дополнителна вредност” изјави Орце Симов, претседател на комисија на Агенцијата за електронски комуникации.

Дека дигитализацијата во здравството е еден од клучните столбови за унапредување на системот потврдува и министерот Азир Азлиу. Македонија веќе има Национално координативно тело за Вештачка интелигенција под капата на Министерството за дигитална трансформација.

Проектот ќе има за цел да го поттикне развојот на македонски јазични модели, ќе ги поддржи здравството, енергетиката, јавната администрација и земјоделството.