Американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп најави нов пакет трговски мерки со кој би бил воведен дополнителен царински товар за увоз од 60 земји и економии.
Се предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“.
Во извештајот што го објави Канцеларијатот на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји и територии би се соочиле со дополнителни царини од 10 отсто, бидејќи наводно не спроведувале забрана за увоз на производи направени со принудна работа.

Дополнителна царина од 12,5 проценти би била воведена за Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Бразил и за Швајцарија, како и за десетици други земји.
Новите американски царини нема да важат веднаш, туку ќе поминат низ јавна расправа и ревизија, со сослушувања најавени за 7 јули.
