Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Прилози

САД и Кина се договорија за намалување на царините во период од 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина по долгите разговори во Женева викендот, постигнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Американски Држави и Кина по долгите разговори во Женева викендот, постигнаа договор да ги намалат царините од 115 на 10 отсто започнувајќи од среда и ќе траат следните 90 дена. Администрацијата на Трамп претходно ги зголеми царините на 145 отсто за Кина, а сега драстично ќе се намалат. Американскиот претставник на САД за трговија изрази позитивен став и договорот го опиша како доказ за меѓусебно разбирање.

„Со овој договор, се согласуваме дека нашата реципрочна царинска стапка ќе се намали на 10 проценти од страна на Соединетите Американски Држави, што значи дека се намалува за 115 проценти. Влегуваме во 90-дневен период на пауза за преговорите, на кој и Кина и САД се многу посветени. Кина, од своја страна, исто така ги намалуваат за 115 на 10 проценти и ги отстрануваат контрамерките што ги имаат во сила“ вели Џејмисон Грир, трговски претставник на САД

Белата куќа синоќа соопшти дека администрацијата на Трамп постигнала трговски договор со Кина. Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, изјави дека преговорите во Женева биле отворени, длабински и конструктивни.

Реклама

„За време на оваа соработка, неизбежно ќе има некои разлики меѓу двете страни. Клучот е да се следи принципот на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка од која сите имаат корист, и да се најдат начини за правилно решавање на проблемите преку дијалог и консултации на еднакви нозе, со цел да се поттикне стабилен, здрав и одржлив трговски и економски однос меѓу Кина и САД“ вели Хе Лифенг, вицепремиер на Кина

Глобалните инвеститори го поздравија договорот за царините на САД и Кина, оценувајќи го како олеснување на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со огромни тарифи.

Вредноста на американскиот берзански индекс падна, а на кинескиот се зајакна на највисоко ниво за 6 месеци по објавувањето дека трговската војна е привремено прекината. И индексите на европските берзи се зголемија.

Според некои проценки, до 16 милиони работни места беа во опасност во Кина, додека САД претрпеа зголемена инфлација и недостиг поради високите тарифи за нивниот најголем снабдувач на стоки.

Давид Крстевски