Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

САД ги прекинува сите трговски односи со Шпанија, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ја прекинат целата трговија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија, откако земјата не ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.

„Шпанија беше ужасна. Му реков на (американскиот секретар за финансии) Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција со германскиот претседател Фридрих Мерц.

„Ел Паис“ претходно денеска објави дека шпанскиот премиер Педро Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици од таквата одлука.

Реклама

Шпанската влада објави дека нема да придонесе на никаков начин во војната предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека ова е конфликт без меѓународна правна основа и без мандат на Обединетите нации.

Шпанската влада претходно нагласи дека се спротивставува на иранскиот режим, но дека отфрла воена интервенција без јасна цел и меѓународен мандат.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, изјави дека Европа мора да дејствува како глас на рамнотежа и деескалација, а не да поддржува еднострани воени дејствија надвор од Повелбата на ОН, додека министерката за одбрана на земјата, Маргарита Роблес, потврди дека, по шпанската одлука, Пентагон повлече околу 10 авиони-танкери KC-135 од базите Морон и Рота, каде што беа распоредени за поддршка на американските операции.

Шпанија е меѓу ретките европски земји кои отворено ја осудија акцијата на САД и Израел, додека некои членки на ЕУ изразија резерви, но нагласија дека ги разбираат целите на нападот.

Мадрид вели дека ќе продолжи да инсистира на деескалација и враќање на преговорите, предупредувајќи дека продолжениот конфликт би можел да има сериозни последици за Европа.