Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Свет

САД блокирани од снежното невреме

Незапаметена бура ги зафати САД. Изобилните снежни врнежи и ниските температури оставија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незапаметена бура ги зафати САД. Изобилните снежни врнежи и ниските температури оставија милиони домаќинства без електрична енергија. Вонредна состојба е прогласена во 23 држави, од југ до североисток. Температурите на места се движат од минус 20 до минус 30 степени.

Во прекин е патниот и воздушниот сообраќај, а над 17.000 летови беа откажани. Приватен авион со осум лица се урна при полетување во Мејн. Училиштата во поголемите градови останаа затворени, а засолништата работат со полн капацитет.

Опасно ниските температури се очекува да траат најмалку до почетокот на февруари. Властите соопштија дека станува збор за најстудената зимска бура во последните години, а екстремниот студ веќе ги зеде првите жртви. Упатен е апел до граѓаните да останат дома и да избегнуваат патувања.

Реклама

Додека температурите под нулата се вообичаени во северните држави како Дакота и Минесота, овој вид студ е невообичаен за Тексас, Луизијана и Тенеси, каде што температурите паднаа за 15 до 20 Целзиусови степени под сезонскиот просек. Експертите објаснуваат дека причината за екстремното време е поларниот вртлог од силен ветер над Арктикот.