Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Свет

САД бараат начин како да обезбедат платено породилно отсуство

Во многу сектори, вклучително и прехранбената индустрија како и науката, Американките заработуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во многу сектори, вклучително и прехранбената индустрија како и науката, Американките заработуваат помалку од мажите. Во просек, една Американка заработува само 83 центи за секој долар заработен од маж.

Јазот е уште поголем кај Афроамериканските жени, домородните Американки, Латино како и одредени подпопулации на азиските жени.

На 15-ти март, претседателот Џо Бајден го одбележа денот кој симболизира колку долго жените мора да работат за да го заработат она што мажите го заработиле претходната година. Во 2021-ва година.

Реклама

Пандемијата го попречи напредокот кај жените кои го вршат најголемиот дел од семејната грижа бидејќи се дома со децата кои посетуваат онлајн часови, а постарите членови на семејството го губат пристапот до грижа.

„Потпишав извршна наредба за промовирање на напорите за постигнување еднаквост во платите, еднаквост во платите за вработените во државната администрација. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите приватни компании да го следат, исто така”, рече Џо Бајден.

Активностите што ги најави Бајден нема да го решат родовиот јаз за платите во приватниот сектор. Администрацијата на Обама бараше од големите компании да пријават колку им плаќаат на работниците по раса и пол, но администрацијата на Трамп, под притисок на големите бизнис групи, го запре правилото во 2017-та година.


„Администрацијата на Бајден ги анализира податоците што беа собрани од приватни компании за да ги покаже разликите во платите по раса и пол. Се надеваме дека ова е првиот чекор за враќање на тоа правило“, вели Васу Реди, Национално партнерство за жени и семејства.

Исто така, заменик-претседателката Камала Харис, првата жена потпретседател, беше домаќин на виртуелен самит на Денот на еднакви плати, на кој присуствуваа претставници на администрацијата, спортисти и извршни директори.

 
„Економија која е добра за жените но, и за сите други“, рече Камала Харис, потпретседателка на САД.

Некои тврдат дека задолжителното платено отсуство за новите родители може да помогне да се намали разликата во платите меѓу половите. САД се единствената развиена нација во светот без национална програма за платено родителско отсуство или породилно.

„Една од четири жени во Америка се враќа на работа во рок од 10 до 14 дена по породувањето, што е зачудувачки и ужасно. Тоа е страшно за жените кои работат“, вели Адриен Швир од Двопартискиот политички центар.

Предложениот акт на Бајден за „Породилното“ е повторно поднесен, но предлог законот за социјални трошоци од два трилиони долари ќе треба да добие одобрување во Конгресот.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон