Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сајковски: За разлика од минатото, денес Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните, објави пратеникот Ѓорѓија Сајковски се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, Д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја.

Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевчани постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.

Реклама

Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза.