Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Сајбер насилството во пораст за над 30 проценти, најчеста мета се девојчињата

Од училишните дворови и улица, до социјалните мрежи. Насилството сè почесто се сели во виртуелниот свет. Анализите покажуваат пораст на сајбер насилството за над 30 проценти, а најчеста мета се девојчињата. Експертите предупредуваат на сериозни последици по менталното здравје. Бројките го вклучија алармот. Во Штип почнуваат обуки за наставниците за навремено препознавање и спречување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од училишните дворови и улица, до социјалните мрежи. Насилството сè почесто се сели во виртуелниот свет. Анализите покажуваат пораст на сајбер насилството за над 30 проценти, а најчеста мета се девојчињата. Експертите предупредуваат на сериозни последици по менталното здравје. Бројките го вклучија алармот. Во Штип почнуваат обуки за наставниците за навремено препознавање и спречување на врсничкото насилство.

За повеќе од 30% е зголемено сајбер насилството, покажуваат анализите, а состојбата станала алармантна по завршувањето на ковид-пандемијата. За разлика од другите форми на насилство, жртвите на интернет можат да бидат изложени на малтретирање 24 часа на ден. Најчеста мета се девојчињата, кои се соочуваат со закани, ширење на лажни информации и злоупотреба на лични податоци.

„Ако е физичко насилство, ќе се видат модринки или нешто што е видливо, но кај сајбер насилството или психичкото, или емоционалното насилство има страшни последици по жртвата, а тоа е губење на самодоверба, затворање во себе, станување интровертна личност, неможност да се соочи со средината“, изјави проф. д-р Татјана Стојановска Иванова.

Реклама

За полесно препознавање и спречување на врсничкото насилство, Штип е меѓу првите градови во државата каде психолози и социолози ќе спроведуваат обука на наставниот кадар во средните и основните училишта. Целта е наставниците навреме да ги препознаат знаците на насилство меѓу учениците.

„Имаме обврска како локална самоуправа да создадеме средина во секое училиште која ќе биде основа за развој на секој ученик, средина која ќе овозможи секој ученик да го искористи својот потенцијал што го поседува и да се чувствува безбедно и сигурно“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Според социолозите и психолозите, последиците од сајбер насилството допрва ќе се чувствуваат кај младата популација. Тие предупредуваат дека ваквиот вид насилство може да остави долгорочни последици врз менталното здравје. Според нив, еден од најважните чекори е насилниците веднаш да се пријават во полиција.