Руски генерал е убиен утринава во експлозија на автомобил-бомба во Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Станува збор за генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на Дирекцијата за обука на рускиот Генералштаб.
Рускиот истражен комитет соопшти дека Сарваров починал откако бил детониран експлозив подметнат под неговиот автомобил. Експлозијата се случила на паркинг во станбена населба во јужниот дел на Москва. Снимките од местото покажуваат тешко оштетен бел автомобил со разнесени врати. Комитетот информира дека се истражува можноста нападот да го извеле украинските безбедносни служби.
