Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Балкан

Румен Радев се враќа на политичката сцена со нова влада во Бугарија

Бугарија влегува во завршна фаза од формирањето нова редовна влада, откако претседателката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија влегува во завршна фаза од формирањето нова редовна влада, откако претседателката Илијана Јотова најави дека денеска ќе го врачи мандатот на „Прогресивна Бугарија“, партијата на поранешниот претседател Румен Радев. Се очекува Радев да биде предложен за премиер, со што поранешниот шеф на државата практиично се враќа во центарот на бугарската политика, овојпат како носител на извршната власт. Неговата победа доаѓа по долг период на политичка нестабилност во Бугарија, обележан со чести избори, слаби влади и силен притисок од јавноста за борба против корупцијата.

Јотова претходно одржа консултации со политичките партии застапени во парламентот, по што оцени дека постои согласност за неколку итни приоритети. Меѓу нив се усвојување на државниот буџет за 2026 година, забрзување на судските реформи и носење закони поврзани со Планот за закрепнување и отпорност, од кои зависи и пристапот до европско финансирање.