Реклама
Свет

Рубио пред конференцијата во Минхен: САД се длабоко поврзани со Европа

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги нагласи блиските врски меѓу САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги нагласи блиските врски меѓу САД и Европа пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.

– Европа ни е важна – изјави Рубио и додаде дека Соединетите Американски Држави се „длабоко поврзани со Европа и нашите иднини отсекогаш биле поврзани и ќе продолжат да бидат“.

„Така што, само треба да разговараме за тоа како изгледа таа иднина“, додаде Рубио.

Реклама

Државниот секретар исто така рече дека „стариот свет го нема“ и оти светот живее во нова ера на геополитика.