Во Тетово денеска се одржа марш по повод „Розовиот октомври“, посветен на подигнувањето на свеста за важноста на превенцијата и раното откривање на ракот на дојката. Градоначалникот Биљал Касами најави дека во социјалната програма на Општина Тетово за 2027 година ќе биде предвиден конкретен фонд за поддршка на оваа проблематика.
Маршот започна пред зградата на Општина Тетово, од каде Касами, заедно со вработените жени во општинската администрација и јавните претпријатија, се упати низ градските улици, делејќи информативни летоци и испраќајќи пораки за поголема здравствена свест.
-Заштитата на здравјето бара постојано внимание, меѓу институционална соработка и одговорност од секој од нас. Одбележувањето на „Розовиот Октомври“ e можност да ја истакнеме важноста на превентивните прегледи и раното откривање на ракот на дојка. Денешниот марш во Тетово ова е посветен на подигнувањето на јавната свест на поддршката на жените кои се соочуваат со оваа болест. Преку нашето учество споделување на информативни материјали и пораките што ги испраќаме повикувам на поголема грижа за здравјето и навремено советување со лекар, истакна во изјавата за медиумите Касами.

Тој посочи дека овој настан е израз на солидарност со жените и нивните семејства. Нивните потреби заслужуваат внимание, разбирање и поддршка во текот на целиот процес на лекување, рече тој, додавајќи дека како градоначалник и како општина Тетово ги поддржуваат иницијативите за унапредување на јавното здравје во рамките на своите надлежности.
– Општината ќе продолжи да ги поддржува информативните активности, активностите за подигање на јавната свест во соработка со надлежните институции и организации. Семејните и професионални обврски не треба да бидат причина за одложување на здравствените прегледи, поддршката од семејството и блиските е важно за секоја жена да го најде потребното внимание за своето здравје, подеднакво важна е и поддршката за време на соочување со болеста. Секоја жена заслужува достоинствен третман, почитување на приватноста и разбирање на тешкотиите низ кои поминува солидарноста се покажува преку присуство конкретна помош и континуирана грижа, истакна Касами.
Со одбележувањето на „Розовиот октомври“, Тетово испрати порака за поголема информираност, навремени здравствени прегледи и солидарност со сите жени кои се соочуваат со ракот на дојката.

