Реклама

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Македонија

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна

Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

Во истиот период, нагласи Миланов, преку Одделението за заштита на потрошувачите, од страна на физички и правни лица се поднесени над илјада илицијативи за спроведување инспекциски надзор, најммогу од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните. 

На настанот по повод Светскиот ден на храната, директорот напомена дека безбедната храна е основа за здравјето на граѓаните, довербата на потрошувачите и одржливиот развој на прехранбениот сектор.

Реклама

– Денес ја истакнуваме важноста на заедничката одговорност на институциите, производителите, операторите со храна и потрошувачите во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна. Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. АХВ во рамки на своите законски надлежности, континуирано спроведува контроли во домашниот промет и при увозот на храна, со цел навремено откривање и отстранување на ризиците по здравјето на луѓето. Истовремено, остваруваме соработка и координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Платежната агенција и другите надлежни институции, бидејќи безбедноста на храната бара интегриран пристап – од примарното земјоделско производство, преку преработката и дистрибуцијата, до крајниот потрошувач, потенцира директорот.

Според него, податоците за надзорите ја нагласуваат улогата на официјалните контроли во спречувањето на внесувањето и ставањето во промет небезбедна храна.

– Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. Bезбедната храна е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на законските обврски, ефикасни контроли и меѓуинституционална соработка можеме да обезбедиме заштита на здравјето на граѓаните и поголема доверба во храната што се произведува, увезува и консумира во нашата земја, порача Миланов. 

На настанот по повод Светскиот ден на храната, учествуваат стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство. Разговараат за електронската трговија на храна, медиумската промоција и рекламирањето на храната, додатоците во исхраната и храната за спортисти. Покрај директорот на АХВ, Миланов, присутни се и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска, како и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Панелот е во организација на Општина Кисела Водата, АХВ и Институтот за јавно здравје. Учествуваат и граѓани, претставници од градинките, основните и средните училишта од Кисела Вода, како и од спортските клубови, оператори со храна и други претставници од општината.