Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Дали Љатифа Шиковска од СДСМ подели хуманитарни пакети со поминат рок за Ромите во Маџари?

Дали членката на Извршниот одбор на СДСМ, Љатифа Шиковска, односно нејзината невладина…

Сподели:

Дали членката на Извршниот одбор на СДСМ, Љатифа Шиковска, односно нејзината невладина организација им поделила хуманитарни пакети на Ромите во Маџари, во близина на Кванташки пазар, со поминат рок?

Се почнало кога граѓаните ги отвориле пакетите и виделе дека внатре има ресани со рок веќе изминат. Синоќа објавиле видеа на социјалните мрежи, на кои се гледа дека ресаните се со стара, помината дата.

Реклама

Информацијата прв ја објави порталот „Ромањус“. Кога граѓаните виделе дека производите биле стари, а не знаеле кој точно ги поделил го обвиниле првиот човек на партијата Роми обединети за Македонија, Ерџан Селими, оти тој често пати претходно донирал. Селими ги демантираше овие информации.

Во изјава за Алфа рече дека сепак човекот кој го објавил видеото, рекол дека пакетите со ресана ги поделила Љатифа Шикоска, член на извршниот одборд на СДСМ. Селими кој и самиот живее во населбата Маџари, рече дека често делат помош онаму каде што треба, но сите пакети биле со квалитетни продукти.

Алфа лично ја побара и Љатифа Шикоска, но таа не одговараше на нашите телефонски повици. Потоа Шикоска на Фејсбук ги демантираше овие информации.

Дали ресаните со поминат рок ќе им донесат гласови на оние кои ги поделиле? Останува отворено. Но, сигурно е дека некој се надева на брзи избори и се обидува да купи гласови.

Борис Грујоски