Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Економија

Револт кај лозарите: ниски цени и проблеми со откупот

Многу труд за малку пари. Лозарите се револтирани откако на социјалните мрежи…

Сподели:

Многу труд за малку пари. Лозарите се револтирани откако на социјалните мрежи се појави ценовник со премногу ниски откупни цени на грозјето. Една винарница објавила дека ќе откупува килограм смедеревка за 4 денари, а вранец за 7 денари. Лозарите од тиквешкиот регион велат дека винарницата упорно тврдела дека не се работи за нивните цени и дека некој сакал да им го наруши угледот, како и тоа дека го пријавиле случајот за злоупотреба на интернет. Сепак, лозарите се кренаа на нозе. Притисокот за што пониски цени го трпат секоја година. Тие бараат смедеревката да се откупува за 14, а вранецот за 16 денари. Гневни се бидејќи цените се речиси исти три децении, а трошоците само се зголемуваат. Винарниците тактизирале и не се уште не ги објавиле ценовниците. Лозарите бараат да интервенира и министерството за земјоделство.

„Ако остават ние со винариите, без посредништво на министерството да се договориме, не правиме ништо. Ќе си ги извадиме очите. Пак ќе почнеме со оние неубави работи. Не е ова политика луѓе. Ние сме сега во најлоша ситуација. Прашање е како ќе преживееме“ – вели Златан Стојчев од Здружението на лозаро-овоштари од Кавадарци.

Утре лозарите ќе имаат состанок во Општина Кавадарци со винарниците и локалните власти за да разговараат околу годинешните цени на грозјето. Лани смедеревката се откупуваше за најмалку 10, а вранецот за 13 денари, па нагоре. Лозарите тврдат дека родот е добар и дека грозјето има голем број шеќерни единици. Обвинуваат дека и покрај тоа винарниците се обидуваат да манипулираат со цените. Токму во најкризната година, винарниците им рекле дека родот е голем и дека нема да биде откупен во целост.

Реклама

„Треба да го исплашиш прво народот, зошто ако го исплашиш е многу лесно. Тие се тука многу силни. Шекерните единици ги покачија од 17 на 19 единици, тоа не е можно, никогаш не било. Оваа држава не е од вчера. Дојдоа они на власт и почнаа, го качија шекерот на 19, а треба да биде 17“ – вели Стојчев.

Проблемите со откупот и цените на грозјето придонесоа за тоа да има се помалку земјоделци кои се занимаваат со лозарство. Дури 15% од лозјата стоеле напуштени, површините се запуштиле, а младите масовно се иселуваат.

Тања Попова